Утрински Весник
Свет

Кинеската амбасада во Казахстан предупредува за вирус поопасен од корона

Кинеската амбасада во Казахстан предупредува за вирус поопасен од корона

Кинеската амбасада во Казахстан ги предупреди кинеските граѓани во таа земја за ширење на непознат вид пневмонија со висока стапка на смртност.

„Според казахстанските медиуми, oд средината на јуни поголем број на пациенти со пневмонија се појавиле во регионот Атира и градот Шимкент. Бројот на заразени лица во тие региони е околу 500, а 30 се во критична состојба“, велат од амбасадата.

Како што пренесува „Спутник“, кинеската дипломатска мисија тврди дека овој вид пневмонија има поголема стапка на смртност од Ковид-19.

„Казахстанското Министерство за здравство и другите агенции го испитуваат вирусот што предизвикува пневмонија. Ситуацијата е сè уште нејасна“, се наведува во извештајот.

Амбасадата ги повика кинеските граѓани во Казахстан да се придржуваат кон мерките, да избегнуваат јавни места, да користат средства за дезинфекција, честопати да ги мијат рацете и да носат заштитни маски за лице.

Се советува и луѓето со симптоми веднаш да побараат лекарска помош.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела