Утрински Весник
Свет

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот на СЗО.

Тедрос Гебрејсус истакна дека од повеќе од 11,8 милиони случаи во светот, колку што биле пријавени во таа организација, половина биле потврдени во изминатите шест недели.

Тој оцени дека пандемијата укажала на нееднаквости, на глобално ниво и во одделни земји, како во медицинскиот систем, така и во поширокото општество, пренесува „Гардијан“.

„Обично се вели дека заразните болести не знаат за граници. Тие не се грижат за политичките разлики, ниту за оние меѓу здравјето и економијата, животот и опстанокот. Пандемијата на Ковид-19 дефинитивно ги избриша сите нив“, рече Гребрејсус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронот што експлодира во Литванија бил украински, потврди литванскиот премиер

Европски и азиски земји ги предупредуваат граѓаните: Не патувајте во Франција освен ако не морате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“