Утрински Весник
Спорт

Ван Перси има свој фаворит за Златната топка

Ван Перси има свој фаворит за Златната топка
300x250 (7)

Робин Ван Перси, поранешниот напаѓач на Арсенал и Манчестер Јунајтед верува дека оваа година Златната топка нема да ја добие ниту Кристијано Роналдо ниту Лионел Меси. Од 2008 година само Лука Модриќ успеа да го растури монополот на овие двајца.

Ван Перси верува дека годината Португалецот и Аргентинецот нема да бидат ниту првите тројца.

Ss1

Според него трет би требало да биде Садио Мане од Ливерпул, втор Кевин Де Брујне од Манчестер сити, додека Златната топка тој би му ја дал на Роберт Левандовски.

Полскиот репрезентативец има неверојатна сезона, со Баерн веќе ја освои двојната круна во Германија, одигра 43 натпревари на кои постигна 51 гол.

 



Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО