Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград.
Порталот објави дека новинарката Милица Божиновиќ била удрена со пендрек по прстите по што ѝ паднал телефонот од раце, а на другата новинарка Наташа Латковиќ ѝ била фрлена новинарската легитимација.
Како што објави „Нова.рс“ и двете се легитимирале на полицијата.
„Јас сум новинарка, зошто ме удирате, јас сум новинарка“, се слуша Божиновиќ на видеото.
„Ова е катастрофа. Не ги интересираше дека сме новинарки. Ме удри со пендрекот по прсти два пати. Почнав да се тресам“, рекла Милица.
„Нова.рс“ објави дека бил нападнат уште еден новинар. Исто така, порталот објави дека Божиновиќ и на вчерашниот протест била удрена со пендрек додека известувала од терен.