Утрински Весник
Македонија

Трактористи загинаа во две одделни незгоди во Кавадарци

Трактористи загинаа во две одделни незгоди во Кавадарци
300x250 (7)

Во регионот на Кавадарици синоќа и рано утрово се случиле две одделни сообраќајни несреќи во кои животите ги загубиле двајца трактористи на возраст од 33 и 69 години.

Синоќа, околу 21.15 часот на регионалниот пат Кавадарци – село Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „пежо“ управуван од П.М. (38) и трактор, управуван од М.З.(33), двајцата од Кавадарци.

Во незгодата починал возачот на тракторот, а возачот и сопатничката од автомобилот се здобиле со телесни повреди.

Втората незгода се случила рано утрово (9 јули), а во полиција било пријавено дека на влезот во Кавадарци, 69-годишник, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел, при што починал на местото.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Овации за Албанскиот театар и „Диво месо” во Тирана

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет