Утрински Весник
Свет

Американците тврдат: Ким Џонг-ун сè уште прави нуклеарно оружје

Американците тврдат: Ким Џонг-ун сè уште прави нуклеарно оружје

Новите сателитски снимки покажуваат неодамнешна активност во непријавена фабрика во Северна Кореја, за која истражувачите се сомневаат дека се користи за правење нуклеарни боеви глави.

Снимките на компанијата „Планет лабс“ ги анализирале експерти од Институтот за меѓународни студии во Мидлбери, кои веруваат дека објектот лоциран во селото Воло-ри недалеку од Пјонгјанг е поврзано со севернокорејската нуклеарна програма и сè уште е активна, пренесува „Си-ен-ен“.

„Фабриката ги има сите карактеристики на нуклеарна централа во Северна Кореја, како што се мерките за безбедност, сместувачките капацитети, спомениците на необјавени посети на водачите и подземните објекти. Покрај тоа, таа се наоѓа веднаш до фабриката за флаширана вода која нема ниедна од тие карактеристики“, рече Џефри Луис, професор во Институтот Мидлбери, кој го подготвува извештајот.

Тој додава дека фабриката е многу активна и дека не ја забавила својата работа дури и за време на нуклеарните преговори, кои во моментот се во застој.

„Тие сè уште произведуваат нуклеарно оружје“, рече Луис.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта