Утрински Весник
Свет

Куп патики на белградските улици по полициската акција против демонстрантите

Куп патики на белградските улици по полициската акција против демонстрантите

Во центарот на Белград, но и во други српски градови вчера се одржаа масовни протести против владеењето на претседателот Александар Вучиќ, кои започнаа еден ден претходно како незадоволство од најавеното враќање на вонредната состојба и полицискиот час поради коронавирусот, откако во земјата се одржаа избори.

И вчерашните протести, како и тие ден претходно, ексалираа со насилство кое најпрво избувна пред собраниската зграда.

Вооружените полициски сили околу 22 часот растераа голем број демонстранти кои гаѓаа со пиротехника и камења. Следеше стампедо, а детонации одекнуваа цело време.

За време на чистењето на булеварот „Краљ Александар“, каде демонстрантите се собраа по расчистувањето на немирите пред Собранието, полицијата постојано со палки удираше по луѓето во толпата, а после тоа стотици патики останаа на улиците.

Еден демонстрант рече дека бил претепан од повеќе од десет припадници на српската полиција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Оспорени патенти за 20 „брендирани“ лекови, вклучувајќи го и мегапопуларниот Оземпик

Велика Британија излезе од рецесија

Њујорк е најбогатиот град во светот, дом е на 359.000 милионери и 60 милијардери