Утрински Весник
Спорт

Бербатов: Меси и Роналдо има кој да ги замени, имаше и за Пеле и Марадона

Бербатов: Меси и Роналдо има кој да ги замени, имаше и за Пеле и Марадона

Поранешниот бугарски фудбалски интернационлаец, Димитар Бербатов даде интервју за „Betfair“ и во него наброја три играчи за кои смета дека можат да ги надминат Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Сепак, тој напомена дека фудбалот нема да биде ист откако тие двајца ќе отидат во пензија.

„Тој ден ќе дојде, но откако тие двајца ќе заминат, ќе имаме други. И Пеле и Марадона беа заменети исто така, животот е еден голем круг. Тука се Нејмар, Мбапе и Гринвуд кои би можеле еден ден да ги достигнат Роналдо и Меси, колку и да звучи неверојатно“ рече Бербатов.

Мбапе веќе неколку години е прогласувам за најдобар млад играч, но се уште треба да се докажува во најсилните натпреварувања.

Најмногу докажување му престои на Мејсон Гринвуд кој Бербатов го спомена. Се работи за еден од најголемите англиски таленти, игра како десно крило и има само 18 години.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер