Утрински Весник
Свет

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони
Ss2

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на порталот „Ворлдометерс“.

Најголем број случаи има во САД, каде скоро 3,1 милион луѓе се разболеле од почетокот на епидемијата, а 134.030 починале. Следува Бразил со 1,67 милиони случаи и 66.868 смртни случаи.

Ss1

По нив се Индија, Русија, Перу, Чиле, Шпанија…

Од европските земји, според бројот на заболени најтешка е ситуацијата во Шпанија (299.210) и во Велика Британија според бројот на починати (44.517), додека неколку места зад нив е Италија, која долго време важеше за жариште на коронавирусот во Европа.

Од земјите во регионот, Романија е најпогодена од вирусот.

Кина, од која Ковид-19 се прошири низ целиот свет, се наоѓа на 22-то место со 83.572 вкупно заразени и 4.634 починати.

Во светски рамки, како последица од вирусот починале 547.834 луѓе, а се опоравиле скоро седум милиони.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија