Утрински Весник
Свет

Лидерката на Хонгконг ги предупреди активистите: Не преминувајте ја црвената линија

Лидерката на Хонгконг ги предупреди активистите: Не преминувајте ја црвената линија

Шефицата на извршната власт во Хонгконг застана во одбрана на новиот кинески закон за безбедност, кој таа вети дека решително ќе го спроведе, проценувајќи дека тоа ќе овозможи обновување на стабилноста на таа територија.

На прес-конференцијата една недела откако Пекинг го воведе законот за полуавтономна територија, Кери Лам даде утешна и истовремено заканувачка изјава.

„Владата на Хонгконг одлучно ќе го спроведува овој закон“, истакна таа, предупредувајќи ги радикалните активисти да не ја преминат црвената линија.

„Последиците од кршење на тој закон ќе бидат многу сериозни“, рече шефицата на извршната власт.

Сепак, таа ги отфрли тврдењата дека законот ги загрозува слободите на околу 7,5 милиони жители на Хонгконг, нарекувајќи ги коментарите на таа тема „софизми“.

„Тој правен текст сигурно не е толку црн како што му се чини на Хонгконг“, рече таа.

„Сигурна сум дека со текот на времето …довербата ќе расте како во однос на принципот ’една земја, два система’, што треба да гарантира слободи и автономија какви нема во континентална Кина, така и во иднината на Хонгконг“, додаде таа.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари