Утрински Весник
Македонија

Заев: Преку интеграцијата во ЕУ имаме можност да го зајакнеме македонскиот идентитет

Заев: Преку интеграцијата во ЕУ имаме можност да го зајакнеме македонскиот идентитет

Ја исполнивме првата стратешка цел, членство во НАТО, ја остваруваме и втората со почеток на преговори за членство во ЕУ и нема да дозволиме да се враќаме назад во изолација, порача вечерва од граѓанската трибина во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во четвртата изборна единица, Зоран Заев.

„Денеска имаме имотен лист, имаме обезбедени границии и загарантирана безбедност со членството во НАТО. Денес нашиот идентитет е загарантиран, нашиот јазик е признаен од сите, последен доказ за тоа е потврдата од ЕУ, целото законодавство на Унијата ќе биде преведено на македонски јазик. Тоа е првиот чекор во станувањето на македонскиот јазик како еден од јазиците на Европската Унија. Ова е шанса, ова е можност да си го јакнеме македонскиот идентитет, сите да знаат и за Македонецот и за македонскиот јазик. Тоа е успех, тоа е патриотизам“, посочи претседателот Заев.

Текстот Заев: Преку интеграцијата во ЕУ имаме можност да го зајакнеме македонскиот идентитет е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет во односите со Бугарија и историјата и идентитетот надвор од преговарачкиот процес

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември