Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: На ниво на цела држава победуваме со разлика од 50.000 до 120.000 гласови

(Видео) Заев: На ниво на цела држава победуваме со разлика до 50.000 до 120.000 гласови

 

Во изборната единица 3 ќе покажеме дека политичари кои не калкулираат со својот рејтниг, не се водат од популизам, туку напротив, му служат на својот народ и прават се за својата татковина, ја заслужуваат и ја добиваат довербата на изборите, порача вечерва од граѓанската трибина во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во четвртата изборна единица, Зоран Заев.

„Како што им ветив и пред една година на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги победиме со разлика од 50.000 до 120.000 гласови, разлика на ниво на цела држава. Нашата понуда и во изборната едница 3 и низ целата држава е понуда на чесни, одговорни личноста. Покажавме дека можеме повеќе, можеме подобро, покажавме дека правиот пат нема алтернатива, тие се трите работи кои ќе донесат победа во изборна единица три и во сите други изборни единици“, посочи претседателот на СДСМ.

Текстот (Видео) Заев: На ниво на цела држава победуваме со разлика до 50.000 до 120.000 гласови е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава