Утрински Весник
Спорт

„Биковите“ немоќни против Јувентус (Видео)

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Фудбалерите на Јувентус ја продолжија победничката серија по ре-стартот на сезоната. Јувентус попладнево лесно го добија градскиот ривал Торино со 4:1.

Дека нема да дозволат изненадување фудбалерите на Јувентус на противникот му покажаа по нецели 180 секунди игра кога Дибала со мала помош на еден игра на Торино го совлада Сиригу.

Јувентус предноста ја зголемија во 29 минута кога меѓу стрелците се запиша Квадрадо по асистенцијата на Роналдо.

Длабоко во судиското надополнување на времето во првиот дел, во 51 минута, Торино добија пенал кој во гол го претвори Белоти.

Во 61 минута Роналдо постигна гол од слободен удар. Ова е прв гол од слободен удар за Португалецот по пауза од две и пол години.

Конечниот резултат го постави Џиџи со авто-гол во 87 минута.



> „Биковите“ немоќни против Јувентус (Видео) <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари