Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Се обврзуваме на минимум 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции

Мицкоски: Се обврзуваме на минимум 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на Петровец каде што истакна дека Македонија во моментов е окупирана од, како што рече, целосно неспособна и криминална власт.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да го промени тоа, односно дека новата власт ќе донесе вистински реформи во судството и обвинителството.

Исто така посочи дека во партиската програма има над 1.000 проекти со кои ќе се подобри животот на секој граѓанин.

„Се обврзуваме на минимум 25% поголема просечна плата во рок од еден мандат, минимум 20% поголеми пензии за пензионерите и враќање на стариот закон кога 2 пати годишно растеа пензиите, најнизок данок во Европа од 8%, невработеност под 10%, за младите оние кои ќе вработат човек до 29 години 0% данок, за угостителите и хотелиерите кои се погодени од кризата ќе се намали ДДВ од 18 на 10% до крајот на 2021 година“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза и на ослободување од партиципација за студентите во учебната 2020/2021 година и вети минимум 4 милијарди евра домашни, но и странски инвестиции.

„Реформи во здравството каде што тоа ќе биде ориентирано кон пациентот, ќе најдете минимум 640 милиони евра за земјоделците субвенции, загарантиран откуп и пласман на производот, за да не ги фрлаат производите по реките и патиштата како што тоа го правеа досега“, изјави Мицкоски.

На крај тој нагласи дека за сето ова да може да се случи потребно е да се излезе масовно на 15 јули и да се гласа за број 14 односно граѓаните на Петровец да го поддржат Игор Јанушев.

Текстот Мицкоски: Се обврзуваме на минимум 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на министерскиот состанок за Коридор VIII во Тирана, Албанија

Скијач од Данска повреден по лавина на Попова Шапка

Ужас во Скопје, прегазено четиригодишно дете