Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје и ДЗСИ скоро една недела молчат во однос на скандалот со труње на луѓе со храна од една скопска сендвичарница, изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и додаде дека тоа е показател оти системот на институции за безбедност на храна во земјата не функционира.
„Шест дена му треба на Центарот за јавно здравје Скопје да ја извести Агецијата за храна и веретинарство дека една сендвичарница во градот е извор на зараза и труење на десетици наши сограѓани“, посочи Трипуновски и истакна дека тоа е спротивно и на законските одредби.
Изјава, 04.07.2020
Системот на институции за безбедност на храна и заштита на здравјето на луѓето од заразни болести во Репубилика Македонија не функционира. Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје и ДЗСИ скоро една недела молчат во однос на скандалот со труње на луѓе со храна од една скопска сендвичара.Шест дена му треба на Центарот за јавно здравје Скопје да ја извести Агецијата за храна и веретинарство дека една сендвичара во градот е извор на зараза и труење на десетици наши сограѓани.Спротивно на член 23 од законот за заштита на населението од заразни болести однсно лабараториите се должни веднаш а најдоцна во рок од 48 часа од утврдување на секоја излоација на причинител да пријават до надлежен Центар за јавно здравје, министерство за здравство, Агенијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Јавно прашувам, зошто затаи системот за безбедност на храна и притоа институциите не постапуаат согласно нивните надлежности. Зошто скопската сендвичара не беше ведна веднаш затворена д агенцијата за храна и ветеринарство и од државниот здравствен и санитарен инспекторат и продолжи со работа по земањето мостри од храна но не и брисеви од работните површини за утврдување на вистинската причина за труење кај граѓаните.
Posted by Цветан Трипуновски on Сабота, 04 јули 2020
„Дури вчера 3 јули, 5 дена од првите лица кои што се пожалија на труење од Агенцијата за храна и ветеринарство известија дека излегле на терен. Срамота и класична неработа. Молчењето на инстиуциите и бавниот начин на работа е одлика или на неспособност или на свесно прикривање на субјеките од чии прозиводи се затруле голем број на граѓани. И за едното и за другото одговорност треба да има“, повика дополнителниот заменик министер за земјоделство.
Трипуновски воедно јавно запраша, зошто затаил системот за безбедност на храна и притоа институциите не постапиле согласно нивните надлежности.
„Зошто скопската сендвичарница не беше веднаш затворена од Агенцијата за храна и ветеринарство и од државниот здравствен и санитарен инспекторат и продолжи со работа по земањето мостри од храна, но не и брисеви од работните површини за утврдување на вистинската причина за труењето кај граѓаните“, додаде тој.
Текстот (Видео) Трипуновски: Надлежните една недела молчат за скандалот со труење на луѓе во скопска сендвичарница е превземен од МАКФАКС.