Утрински Весник
300x250 opst2

Девојка повредена со сообраќајка во која возел малолетник

Девојка повредена со сообраќајка во која возел малолетник
300x250 opst2

Вчера околу 15,30 часот на локалниот пат с.Брњарци-с.Стајковци, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од 17 -годишен малолетник од селото Арачиново и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т.(20) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Ј. во „аудито“, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Текстот Девојка повредена со сообраќајка во која возел малолетник е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax