Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мисајловски: Македонија ќе ја направиме земја со под 10 проценти невработеност

(Видео) Мисајловски: Македонија ќе ја направиме земја со под 10 проценти невработеност
Img 7972

 

Одлични проекти и одлични решенија нуди проектот Обнова за Македонија, затоа е добро да разговараме и да ги понудиме на граѓаните, рече потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2, Владо Мисајловски, во општина Гази Баба.

„Гледам дека луѓето се охрабрени и сакаат да ни дадат поддршка и јас навистина сум им благодарен за тоа. Ние мора да направиме многу повеќе, мора да ја обновиме Македонија, да ја обновиме инфраструктурата, уметноста, науката, културата, се разбира да ги обновиме и оние нови работи места кои што ние ги ветуваме, односно Македонија да стане место каде што ќе има под 10 проценти невработеност“, порача Мисајловски во своето обраќање.

Истакна дека за наредниот период ВМРО-ДПМНЕ ветува многу странски инвестиции, многу работни места, но за сето тоа стигне, како што кажа, треба граѓаните да ја дадат поддршката и да гласаат на 15 јули.

Текстот (Видео) Мисајловски: Македонија ќе ја направиме земја со под 10 проценти невработеност е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“