Шекеринска во 2016 година ветуваше кули и градови, потоа три години никој не можеше да ја види, за сега пак да се појави на реконструкција на улица и да зборува за некои големи капитални инвестиции во Охрид, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Три години не фрлија ниту една лопата на автопатот Охрид–Кичево. Во Охрид дозволија да владее партиско-урбанистички хаос кој го загрозува статусот на градот и езерото во УНЕСКО“, стои во партиската реакција во која се додава дека очигледно Шекеринска се сеќава на народот само пред избори и им ги нуди истите препакувани лаги од 2016 година.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: По три години Шекеринска се сети на Охрид, но кога можеше не направи ништо е превземен од МАКФАКС.