Утрински Весник
Македонија

Чулев: Да се преземат сите мерки за фер и демократски избори

Чулев: Да се преземат сите мерки за фер и демократски избори

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска во рамки на своите тековни активности ги посети Секторот за внатрешни работи Велес и Одделението за внатрешни работи Кавадарци, каде беше детално информиран за сите активности, особено во контекст на полициските подготовки за претстојните парламентарните избори, како и активностите околу спроведувањето на мерките на Владата за превенција од епидемијата со Ковид- 19.

Во однос на парламентарните избори, од страна на раководството на СВР Велес министерот беше запознат дека се изготвени оперативни планови кои подразбираат контиуирано покривање на подрачјето со цел спречување на изборни нерегуларност и поткуп. Беше потенцирано дека СВР Велес кадровски и организациски е подготвен за изборите кои следат.

Министерот Чулев, од своја страна, нагласи дека парламентарните избори кои следат за прв пат се организирани во спефицични услови за време на пандемија што подразбира зголемен обем на работа од страна на полициските службеници. Дополнително, освен гарантирање на безбедноста на изборите, овој пат полициските службеници имаат обврска да ја гарантираат и здравствена безбедност на гласачите.

„Парламентарни избори имаат големо значење за нашата државата и во таа насока неопходно е тие да бидат фер, слободни и демократски. Очекувам, но и инстистирам од секој вработен во министерството за внатрешни работи да бидат преземени сите законски мерки со кои што ќе се гарантира законитост, безбедност и слободно изразување на волјата на граѓаните. Дополнително, ниту едно прекршување на законот или пак попречување на избирачкото право не смее и нема да остане несанкционирано. Ги повикувам сите мои колеги, вработени во Министерството за внатрешни работи, како и до сега, да бидат на висина на својата задача и своето постапување да покажат исклучително високо ниво на професионалност, дисциплина и одговорност“, истакна, меѓу другото, министерот Чулев.

Текстот Чулев: Да се преземат сите мерки за фер и демократски избори е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Локализиран пожарот во Руѓинце, општина Старо Нагоричане

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога