Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јаулески: Ослободување од партиципација за сите редовни студенти за оваа академска година

(Видео) Јаулески: Ослободување од партиципација за сите редовни студенти за оваа академска година

ВМРО-ДПМНЕ ги става студентите на прво место бидејќи поради последиците од коронавирусот врз економијата и буџетот на граѓаните, погодени се и студентите и нивниот стандард на живот, рече на прес-конференција Јован Јаулески, претседател на Унијата на млади сили на оваа партија.

Тој порача дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во првите 100 дена би предвидела ослободување од плаќање партиципација за сите редовно запишани студенти на државните универзитети за академската 2020/2021 година.

Во насока на пребродување на последиците кои ги нанесе коронавирусот, Јаулески кажа дека идната влада во првите 100 дена ќе се насочи и кон отворање на нови работни места и помагање на оние кои го загубиле своето работно место.

„Се обврзуваме уште во првите 100 дена од формирањето на владата, да спроведеме целосно ослободување од придонеси и персонален данок на доход за секое ново вработено лице до 29 години во периодот од септември на 2020 година до крајот на 2021 година. Дополнително секое лице до 29 години кое ја изгубило работата во периодот по март годинава, а заклучно до крајот на годината, а има стаж на осигурување од најмалку еден месец, па сè до пет години, ќе добива неповратна финансиска помош во период од три месеци“, нагласи претседателот на Унијата на млади сили и додаде дека ова е само мал сегмент од мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги имплементира по доаѓањето на власт.

Текстот (Видео) Јаулески: Ослободување од партиципација за сите редовни студенти за оваа академска година е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме