Престижното шпанско радио „Кадена сер“ околу полноќ објави информација која утрово ја пренесуваат сите шпански медиуми. „Кадена сер“ тврди дека Лионел Меси ги запрел преговорите со Барселона околу новиот договор и дека наредното лето ќе го напушти клубот.
Договорот што го има Меси со Барселона истекува на 30 јуни 2021 година и тога тој како слободен играч би заминал од „Ноу Камп“.
„Меси е незадоволен од ситуацијата што владее во сите структури во клубот, презаситен е од Барселона поради што решил да ги прекине преговорите околу продолжувањето на соработката. Ќе одигра уште една сезона, колку што му трае договорот и потоа ќе замине“, објави „Кадена сер“ во полноќната емисија „Ларгуеро“.
?⚽️ NOTICIA @ellarguero
?️ Informa @manucarreno
? La idea de Messi ahora mismo es terminar su contrato en 2021 y abandonar el Fútbol Club Barcelonahttps://t.co/4Yn8sUqpzt pic.twitter.com/lsyQi9Yw3G
— El Larguero (@ellarguero) July 2, 2020
„Кадена сер“ е најслушаното шпанско радио, поради што оваа вест иако беше објавена доцна бргу се рашири низ целата земја.
„Преговорите околу продолжувањето на договорот започнаа добро, двете страни бргу ги усогласија ставовите, меѓутоа најновите случувања и радикалното влошување на работите во Барселона го натераа Меси да ги прекине.“
Информацијата ја пренесоа и водечките пишани медиуми „АС“ и „Мундо Депортиво“ со напомена дека Меси „не можел да го поднесе“ првиот човек на Барселона Џорди Бартомеу.
Меси го обвинувал претседателот дека е виновен што доверливи информации од клубот доаѓаат до новинарите и дека и тоа е една од причините поради која сака да замине од „Ноу Камп“.
Најавите дека Меси ќе ја напушти Барселона ги коментирал и тренерот на Реал Зинедин Зидан по победата над Хетафе (1-0) по која Реал стекна четири поени предност во однос на Каталонците во борбата за титулата.
„Не знам што ќе се случи. Се надевам дека нема да замине, сакаме најдобрите да играат во оваа лига“, рекол Зидан.
? Messi quiere irse del Barça
? El Larguero abrió su edición de la noche del jueves al viernes con este bombazo sobre el argentinohttps://t.co/KRmHHk8hVE— Diario AS (@diarioas) July 3, 2020
La SER dice que Messi para su renovación pero al club no le consta
La emisora de radio aseguró que su idea a día de hoy es no seguir en el Barça más allá de 2021https://t.co/OY9mz0gMdf
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) July 2, 2020
> Кадена сер: Меси е лут, ќе ја напушти Барселона <