Утрински Весник
Спорт

Клоп: Требаше да биде 5-3 за нив

Клоп: Требаше да биде 5-3 за нив

Јирген Клоп застана во одбрана на своите фудбалери кои една недела по прославата на шампионската титула, синоќа доживеаја тежок пораз од Манчестер сити (4-0).

Германскиот тренер и покрај поразот нема што да им забележи на своите избраници.

„Видов брилијантен став. Не се однесувавме како некој кој пред една недела стана шампион, се беше добро. Немавме флуидност, тоа е сигурно. И некои од ситуациите кои беа 50-50 беа во нивна корист“, рекол Клоп.

Тренерот на Ливерпул рекол дека резултатот 4-0 (на Сити му беа поништени и два гола) не е реален.

„Тие ги искористија своите шанси, ние не. Сити 100 отсто ја заслужија победата, но требаше да заврши 5-3. Сепак беше 4-0 и тоа мораме да го прифатиме.“

Ливерпул во наредното коло ќе ја пречека Астон Вила.

> Клоп: Требаше да биде 5-3 за нив <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока

Ѓоковиќ не успеа да се пласира во втората недела од „Ролан Гарос“ за прв пат од 2009 година

Македонските фудбалери вечерва пред полни трибини ѝ гостуваат на БиХ