Во светот се регистрирани повеќе од 176,000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската здравствена организација, најголем број на новозаразени во светот за еден ден се забележани на 29 јуни, кога имало 189.000.
Во соопштението се прецизира дека 176.102 случаи биле потврдени во светот на 2 јули и дека вкупниот број на пациенти се зголемил на 10.533.779. Се додава дека починале 512.842 лица.
Повеќето нови случаи се потврдени во Јужна и Северна Америка. Во текот на вчерашниот ден, таму биле регистрирани 99.202 новозаразени лица, а починале 3.022 лица.
Во Европа се евидентирани 198.405 нови случаи, со што вкупниот број заразени изнесува 2.747.810. 531 лице починале на 2 јули, а вкупниот број на починати е 19.736.
Земја со најмногу случаи на коронавирус сè уште е САД, каде заразени се 2.616.949 лица, потоа Бразил со 1.402.041, Русија со 661.165 и Индија со 604.641 заразен.
Текстот Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден е превземен од МАКФАКС.