Илија Несторовски го постигна својот втор гол во дресот на Удинезе за да помогне гостите да стигнат до неочекувана 2:0 победа кај Рома, така ставајќи ги шансите на „волчицата“ за пласман во ЛШ во доменот на теорија, а во исто време подобрувајќи ги сопствените шанси за опстанок.
Кевин Лазања уште во 12. минута ги донесе „зебрите“ во водство, а шансите на Рома за камбек беа намалени по половина час игра кога Диего Пероти доби црвен картон.
Македонскиот репрезентативец Несторовски доби шанса во 65. минута и во 78. минута не му беше тешко да ја спроведе топката во голот на Рома откако Родриго де Паул имаше одлично пробивање.
Со поразот, Рома останува на петтото место со 48 поени, дури 12 зад Аталанта на четвртото место на девет кола пред крајот, додека Удинезе сега се 14. со 31 поен, шест поени над зоната за испаѓање.
> Несторовски и Удинезе ја „стресоа“ Рома на „Олимпико“ (.) <