Четириесетгодишен тетовец е тешко повреден откако во него пукале двајца мажи од Тетовско. Инцидентот се случил по куса расправија, по што двајцата мажи испукале неколку куршуми кон сега повредениот и побегнале.
Настанот го пријавила сопругата на повредениот маж, која била сведок на нападот.
Повредениот Ш.М. веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде што му биле констатирани тешки повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Тетовец тешко повреден во оружен инцидент е превземен од МАКФАКС.