Утрински Весник
Свет

Унгарија против листата на ЕУ за безбедни земји, границите ќе ги отвори само за Србија

Унгарија против листата на ЕУ за безбедни земји, границите ќе ги отвори само за Србија

Унгарија нема да го уважи барањето на ЕУ на листата безбедни земји кога станува збор за пандемијата на коронавирусот, да ги додаде земјите надвор од Унијата.

Исклучок ќе биде само Србија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„ Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ затоа што е спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ“ рекол Орбан во видео порака на Фејсбук.

Европскиот совет одлучи претходно на листата земји од кои може да се патува во ЕУ, да се стават 14 држави: Србија, Црна Гора, Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Текстот Унгарија против листата на ЕУ за безбедни земји, границите ќе ги отвори само за Србија е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела