Утрински Весник
Свет

Црна Гора: Во тешка состојба се четворица пациенти со Ковид-19

Црна Гора: Во тешка состојба се четворица пациенти со Ковид-19

Од 39 хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Црна Гора, четворица се во опасност по живот, а вирусот во средата бил регистриран кај уште 28 лица.

Во Црна Гора моментно има 249 заразени, а епидемија не е прогласена и покрај порастот на нови случаи, пренесува „Вијести“.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, вели дека самиот развој на настаните го покажува тоа и дека не мора посебно да се потенцира.

„Сега инфекцијата се случува повторно, не сме загрозени како што бевме, многу сме подготвени и преземаме мерки… Оваа болест се шири епидемиски и постои можност за прогласување на епидемија, но самиот развој на настаните е таков што тоа не мора да се потенцира“, рече Мугоша.

Текстот Црна Гора: Во тешка состојба се четворица пациенти со Ковид-19 е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег