Утрински Весник
Свет

Црна Гора ги озакони истополовите бракови

Црна Гора ги озакони истополовите бракови
Dik 300x250 mk

Парламентот на Црна Гора го изгласа законот за истополови бракови. Овој акт го поддржаа 42 пратеници, а петмина беа против, пренесува РТЦГ.

Предлог-законот беше во собраниска процедура минатата година, но не го доби потребното мнозинство за време на гласањето на парламентарната седница на 31 јули.

Законот им дозволува на истополовите двојки во Црна Гора да ги уживаат истите права како и брачните заедници меѓу маж и жена, само без можност за посвојување деца.

Посоебно е нормирано одржувањето меѓу партнерите, а имотните односи на партнерите се детално регулирани.

Партнерите имаат право на меѓусебно наследство, а регулиран е и нивниот даночен статус.

Текстот Црна Гора ги озакони истополовите бракови е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си – Трамп