Утрински Весник
Македонија

Чулев го посети граничниот премин Аеродром на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Чулев го посети граничниот премин Аеродром на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска ја посети Полициската станица при граничниот премин Аеродром “Скопје“, кој после неколку месечниот застој поради состојбата со епидемијата од “ковид 19“ од денеска повторно почна со работа.

Министерот Чулев покрај средбата со раководството на оваа полициска организациона единица се сретна и со менаџментот на компанијата ТАВ која што стопанисува со аеродромот, предводен од првиот човек на оваа фирма Алперт Ерсој. Од страна на министерот Чулев и менаџментот на компанијата беше истакната досегашната одлична меѓусебна соработка, за што потврда е и фактот дека скопскиот аеродром, во повеќе наврати е избран за најдобар аеродром во Европа, во категорија на аеродроми што опслужуваат до три милиони патници годишно.

На средбата министерот Чулев беше информиран за безбедносните и здравствените протоколи коишто ќе се применуваат, при влезот и излезот на патници како на скопскиот така и на охридскиот аеродром со кој исто така стопанисува ТАВ.

На средбата со раководството на полициската станица Аеродром, министерот Чулев беше запознат со сите мерките што во рамки на справување со пандемијата од коронавирусот се преземаат од страна на полициските службеници како и околу стандардните оперативни процедури што се применуваат при влез и излез од нашата држава.

Притоа, тој беше информиран дека во периодот од 19 март до 30 јуни, односно за време на пандемијата од ковид 19, реализирани беа вкупно 54 хуманитарни летови, од кои 20 за влез во државата и 34 за излез од државата, и по тој основ превезени се вкупно 4531 патник. Од таа бројка, дури 18 летови беа за медицински цели. Денес, во рамки на првиот работен ден на граничниот премин на скопскиот аеродром пристигнале вкупно 292 патници, а заминале вкупно 448 патници.

Додека од охридскиот аеродром пристигнале вкупно 38 патници, а заминале вкупно 144 патници.Министерот Чулев ја искористи можноста уште еднаш да потенцира дека полициските службеници изминатиот период се во првите редови во справувањето со коронавирусот и со своето постапување покажаа исклучително високо ниво на посветеност, одговорност и професионалност.

Токму заради тоа, како што истакна министерот Чулев, припадниците на МВР ја заслужуваат целата благодарност и почит за работењето и покажаната одговорност и совесност во изминатиот период, покажувајќи дека не само што беа на висина на задачата туку и дека ја потврдија стратешката определба на МВР да го заштитат животот и безбедноста на граѓаните.

Текстот Чулев го посети граничниот премин Аеродром на Меѓународниот аеродром „Скопје“ е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!