Утрински Весник
Свет

Вучиќ се појави по неколку дена, вели дека нема коронавирус: „Не удира гром во коприва“

Вучиќ се појави по неколку дена, вели дека нема коронавирус: „Не удира гром во коприва“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше гостин на програмата на ТВ Пинк.

Тоа беше негово прво појавување по неколкудневното отсуство во медиумите и во јавноста, што е особено невообичаено со оглед на кризата со коронавирус во Србија.

Претходно, за време на првиот бран на вирусот, но и за време на разни катастрофи како поплави, одрони и лизгање на земјиштето, Вучиќ организираше прес-конференции неколку пати на ден, а владините седници беа пренесувани во живо на телевизија.

Затоа се поставуваа прашања дали е сè во ред со здравјето на Вучиќ, а тој зборуваше на оваа тема во „Пинк“.

„Се криев на терасата овде во Претседателството, каде што досега не сум бил. Не удира гром во коприва, добро ми е, како што можете да видите. Ова е 12-ти пат како умирам, уште од 6 март. Уште тогаш велеа дека ќе умрам, особено затоа што имам други проблеми“, рече Вучиќ, одговарајќи на шпекулациите дека е заразен со коронавирус.

Тој додаде дека нема да дозволи никој да се поигрува со мирот и стабилноста во Србија, пренесува „Блиц“.

Текстот Вучиќ се појави по неколку дена, вели дека нема коронавирус: „Не удира гром во коприва“ е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија

Можна е средба меѓу Зеленски и Бајден во наредните недели

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз