Утрински Весник
Македонија

Царовска: Очекувам целосна реализација на нашата програма

Царовска: Очекувам целосна реализација на нашата програма

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Носителката на листата на кандидати за пратеници во Изборна единица 1 од коалицијата предводена од СДСМ Мила Царовска вечерва беше на маалска средба во населбата Пролет, каде изјави дека како политичка партија се што ќе ветат остваруваат.
-Оваа програма што ја држам ќе ја оствариме 100 отсто бидејќи ќе се посветиме на домашната економија. Тоа можеме да го направиме, бидејќи за не цел мандат успеавме да реализираме над 70 отсто од претходната програма. Ветивме поголема минимална плата и сега имаме минимална плата поголема за 60 отсто, а просрчната плата ја зголемивме за 5.000 денари, рече Царовска.
Таа  истакна дека Социјалдемократскиот сојуз е партија која води грижа за сите граѓани и за повозрасните.
-Не ги заборавивме пензионерите. Откако го стабилизиравме пензискиот систем ги зголемивме пензиите. Во јануари ги зголемивме сите пензии за 722 денари. Во новиот мандат како партија којашто се грижи за најранливите минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари, рече Царовска. мд/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата