Утрински Весник
Спорт

УЕФА нема резервен план за ЛШ

Резултати и стрелци од второто квалификациско за Лигата на шампионите

Лисабон, 30 јуни 2020 (МИА) – Раководството на УЕФА не подготвува план за вонредни состојби за преостанатите натпревари во Лигата на шампионите во Португалија, иако бројот на случаи на коронавирус во земјата се зголемува деновиве.

Европскиот фудбалски штаб планира да ги одржи сите натпревари од четвртфиналето во Португалија во август, но во последните денови локалните власти вратија некои од ограничувањата за борба против пандемијата.

– Се надеваме дека сè ќе биде добро и ќе можеме да го организираме турнирот во Португалија. Во моментов нема причина да подготвуваме план Б, рече портпаролот на УЕФА, кој додаде дека организацијата одржува постојан контакт со португалската фудбалска федерација и локалните власти.

Португалија е релативно помалку погодена од коронавирусот во последните месеци, но минатата недела премиерот на земјата, Антонио Коста рече дека некои од против епидемиските мерки ќе стапат во сила повторно за да се контролираат новите жаришта. Од вчера, 19 окрузи во Лисабон се повторно под карантин.

Преостанатите натпревари од Лигата на шампионите ќе се одржат од 12 до 23 август на два стадиони во Лисабон.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами