Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев вечерва во телевизиско предизборно соочување го повика претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно да каже дали ќе ги поништи Преспанскиот Договор и Договорот за добрососедство и да каже дали со тоа го поништи членството во НАТО и преговорите со ЕУ.
-Бугарскиот премиер не е единствениот кој го спори идентитетот, и грчкиот премиер зборува за С Македонија во која живеат Македонци изборуваат македонски јазик и тоа е завршена работа, како што е завршена работа членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори. Прашањето е дали ќе правиме иницијативи за да можеме да ги спречиме сите започнати процеси. Конкретно да каже ќе го поништи Пресапанскиот договор или не, ќе го поништи Договорот за добросоество или не и да каже дали со тоа го поништува НАТО или не? Ова е толку едноставно и целиот народ го разбира. Ќе имаме ли нови кавги со соседите со поништување на договорите или ќе продолжиме да одиме напред по правиот пат, праша Заев во дуелот на ТВ 24.
Во врска со Договорот со Бугарија, комисијата за историски прашања Заев посочи дека има две страни кои се обидуваат низ разговори да ги решааваат историските прашања за да ја осигураат иднината на пријателството и добросооседство.
-Европа денеска се договара и разговара за проблемите, а не обвинува некој друг дека некој друг е виновен. Низ разговори докажавме дека наоѓаме решенија на прашањата. Договорот за добрососедство има за цел да не зближува да не прави пријатели и на следните поглавја историски кои што ќе ги разговараме ќе се зближиме уште повеќе со бугарскиот народ и бугарската држава, рече Заев.
Мицкоски, пак, истакна дека никогаш нема да прифати да преговара за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и оти, како што вели, тие ќе се обидат да го поправат тоа што било направено со потпишувањето на Договорот со Бугарија.
Го повтори и ставот за Преспанскиот договор дека е тој капитуалнтски во однос на интересите на државата и дека ја турнал Македонија во апокалипска.
-За мене мојата Македонија е секогаш Македонија. Ова административно име ќе го симболизира вашиот немоќ и капитализација, а ние се ќе направиме да ги исправиме вашите грешки, рече Мицкоски без да посочи како ќе го постигне тоа. вг/лв/