Утрински Весник
Спорт

Мане: Нема да застанеме тука

Мане најдобар играч во Суперкупот на УЕФА

Ливерпул, 30 јуни 2020 (МИА)– Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане изјави дека првата титула на тимот по 3 децении е само почеток. Тимо од „Мерсисајд“ стигна до триумфот во првенството на седум кола пред неговиот крај, а според многумина ова ќе биде почеток на период на доминација за „црвените“.

– Мислам дека има уште еден чекор за сите нас поврзани со она што сакаме да го постигнеме. Како фудбалер секогаш треба да бидете гладни за успех. Имаме одличен тим и персонал, клубот е неверојатен. Имаме одлични работи што треба да ги постигнеме и нема да застанеме тука. Само треба да веруваме во себе, да продолжиме да работиме и да бидеме скромни, рече Мане.

Дваесет и осум годишниот напаѓач направи уште една многу силна сезона, постигнувајќи 19 голови и 12 асистенции. Тој не криеше дека Јирген Клоп играл голема улога во неговиот развој.

– Тој е одличен менаџер. Имам среќа да работам со него затоа што како играч и како личност се развив под негово водство. Можете да видите како играчите се развиваат во овој тим и сè доаѓа од него, посочи Сенегалецот,

Ако продолжи да победува, Ливерпул би можел да го сруши рекордот на Манчестер Сити за поени во една сезона. Двете екипи се соочуваат во четврток.

– Не мора да застануваме и нема да застанеме откако станавме шампиони. Фудбалските рекорди треба да се подобрат. Сакаме да постигнеме нешто посебно. Тоа ќе биде навистина добар натпревар и нема да има изговори. Мора да сториме сè што е во наша моќ да победиме. Имаме седум натпревари и ќе се обидеме да победиме на сите, рече Садио.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка