Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Коалиција со секој со компатибилна програма со нашата

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ одбележува 30 години од основањето, идејата на партијата е Македонија

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Ќе коалицираме со секој оној со кој што програмата ќе биде компатибилна со програмата на коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, односно ќе ги прифатат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот телевизиски дуел со претседателот на СДСМ Зоран Заев на ТВ 24.

– Можеби ќе има и од пратеничкиот состав на коалицијата која ја предводи СДСМ имајќи ги предвид разговорите во овој предизборен период, ништо чудно да се приклучат и да ја поддржат политиката на ВМРО-ДПМНЕ,  наведе Мицкоски.

Според него, СДСМ на овие избори ги очекува најголем пораз.

Имаме јасна методологија, имаме концепт, имаме политики кои ќе ги преземеме уште во првите 100 дена и можам да најавам дека во првите 100 дена директно владата на ВМРО-ДППМНЕ ќе донесе три сериозни, големи мултинационални компании, наведе Мицкоски.

Тој потенцираше дека идната влада ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде влада во која ќе имаме раст на плати, на пензиите, вистински инвестициски бум, за разлика од Владата на Заев која, истакна, не постави на дното во регионот и Европа.

-Три години чекаме да проработи, да го вклучите бројчаникот, а вие три години во штекер не го вклучивте, рече меѓу останатото Мицкоски. лв/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат 

Премиера на новата детска претстава „Металковци патуваат” на Малата сцена во МОБ

Николоски: Aвтопатот Гостивар – Букојчани се гради по најсовремени светски практики