Дебар, 30 јуни 2020 (МИА) – Општина Маврово и Ростуше од јапонската амбасада во нашата земја доби камион за собирање отпад марка Митсубиши Фусо Кантер 7Ц15. Клучевите од возилото му беа предадени на градоначалникот Медат Куртовски, кој најави дека возилото веднаш ќе биде ставено во функција за што почист регион, а ќе го користи Јавното претпријатие за комунална дејност „Маврово“.
-Возилото за собирање на смет е добиено, преку проект „Подобрување на општинските услуги” кој е во заедничка реализација помеѓу Владата на РСМ и Амбасада на Јапонија во Скопје. На предходна апликација подготвена од страна на општинската администрација, добивме грант во вредност од 4.156.594 денари наменети за оваа цел, информираат од општината.
Додаваат дека граѓаните на Општина Маврово и Ростуше со ова ќе добијат поквалитетни услуги од комуналната свера.
-Општина Маврово и Ростуше изкажува голема благодарност до Јапонија и јапонскиот народ за доделената донација која е од витално значење за функционирањето на општинското комунално препријатие. Но, и за сите донации дадени во минатиот период како што се канти за отпад, медицинска опрема за Здраствениот дом „Русе Бошковски“ во Ростуше и слично, посочуваат од општината.
Амбасадорката на Јапонија за време на нејзината посета на Ростуше кон крајот на ноември минатата година, ја нагласи одличната повеќе од две децинии соработка со оваа општина и најави „продолжување на подршката за проекти кои го подобруваат животот на пријателскиот народ на овие простори“.вт/вј/