Ако ви се јаде нешто набрзина и не ви се вртка многу во кујна, овие мини погачи, кифлички незнам како да ги наречам? се ептен добра опција. Само ги мешате сите состојки и со помош на кеса или со лажица ставајте на плех на хартија за печење. Во зависност од тоа колку брашно ќе ставите, и колку ви е густа смесата, различна е формата. Доколку ставите помалку брашно, околу 2 шолји, ќе добиете пониски и рамни, ако ставите околу 2ипол-3шолји ќе добиете по дебели. Се печат 15тина минути во загреана рерна на 250 C .
View this post on Instagram