Утрински Весник
Политички Партии

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Мила Царовска

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Мила Царовска

 

Скопје, 30 јуни 2020

СДСМ и Царовска се обидуваат да манипулираат со пензионерите. Токму тие го укинаа еден од параметрите за раст на пензиите, а тоа беше порастот на просечната плата, со што ги оштетија нивните буџети во просек 100 евра за една година.

Дополнително јавноста уште чека одговор од Царовска за обвинувањата кои ги кажуваше помпезно пред неколку години дека Пензискиот фонд е оштетен за 19 милиони евра. Ако некој крадел тогаш Царовска е виновна зошто молчи сега, а ако никој не крадел тогаш Царовска треба да се извини за помпезните лаги кои ги кажуваше.

Патем Царовска и СДСМ покрај овие одговори треба да кажат колку социјална помош и пензии имаше во рекетираните пари во торбите кои според сведоштвата завршувале кај Зоран и Вице Заев. Затоа велиме дека Царовска е лицемерна.

ВМРО-ДПМНЕ по формирањето на владата ќе отпочне со спроведување на тоа што го ветува на граѓаните, а тоа е повисоки пензии за 20%, повисоки плати за 25% и намалување на невработеноста под 10% до крајот на мандатот. Така ќе покажеме дека вистински се грижиме за стандардот на граѓаните, а не декларативно како тоа што го прават СДСМ и Мила Царовска.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт