Утрински Весник
Свет

Уапсен словенечкиот министер за економија, министерот за полиција веднаш поднесе оставка

Уапсен словенечкиот министер за економија, министерот за полиција веднаш поднесе оставка

 

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс на прес-конференција рече дека му поднел оставка на премиерот Јанез Јанша, а тој ја прифатил.

Генералниот директор на полицијата Антон Травнар исто така поднел оставка, а Хојс ја прифатил неговата оставка.

Оставката на Алеш Хојс доаѓа додека се пребаруваат куќите на 11 адреси во Словенија поради контроверзната набавка на заштитна опрема, за која министерот за економија, Здравко Почивалшек, беше уапсен.

Текстот Уапсен словенечкиот министер за економија, министерот за полиција веднаш поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот