Утрински Весник
Македонија

Предвреме ќе се реализираат дел од инфраструктурните проекти во Бутел, најавија Спасовски и Сугарески

Предвреме ќе се реализираат дел од инфраструктурните проекти во Бутел, најавија Спасовски и Сугарески

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Во финална фаза е изградбата на водоводот во Општина Бутел долг седум километри и вреден 1,6 милиони евра, а со силна динамика се реализира и канализациската мрежа од која еден крак е веќе завршен. Почнува изградбата на патот од село Бутел до село Љуботен долг шест километри, проект за кој Владата издвои повеќе од 11 милиони денари, а Општината 12 милиони денари, ќе се градат полициска и противпожарна станица, а почнува и гасификацијата, најавија денеска премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот Велимир Смилевски.

Како што истакнаа по увидот во градежните активности, во Бутел се градат и социјални згради со вкупно 312 станови за граѓани во социјален ризик, но се спроведуваат и работите на авотпатот граничен премин Блаце – Скопје кој е исклучително битен за индустриската зона Визбегово.

– Изградбата на канализациската мрежа тече со засилено темпо, па можно е проектот да заврши порано. Се работеше во две фази, водоводна мрежа долга седум килмотери која наскоро ќе биде пуштена во употрба, а во тек се 5,2 километра канализациска мрежа. Почнува изградбата на патот од село Бутел до село Љуботен долг шест километри, проект за кој Владата издвои повеќе од 11 милиони денари, а Општината 12 милиони денари. Последната реконструкција на патот е направена во 1991 година со самопридонес на жителите од село Љуботен. Поради лоша инфраструктура земјоделците имаа тешкотии во производството и пласманот. Со патот ќе се опслужат 5.000 жители. Се гради и на други патни правци во општината, во завршна фаза се многу проекти. Се градат и социјални згради, 312 стана за граѓани во социјален ризик. Предвидена е и гасификација на Бутел 1 и 2, како и изградба на полициска и противпожарна станица. Бутел пред еден месец доби и нов модерен булевар, а во завршна фаза е уште еден, рече премиерот Спасовски.

Според него, додека во врвот на владините приоритети е справувањето со крона вирусот и одржувањето инклузивни избори, не престануваат и посетите на терен за да се види како течат инфраструктурните проекти.

-Сакаме да ги охрабриме изведувачите на капитални иневстиции да го одржуваат темпото на рализација дури и во овие вонредни околкности. Изминатите три години покажавме дека знаеме да работиме чесно и одговорно, во инетерс на граѓаните. Коалицијата со нив и со бизнис заедницата ги стави овие прироитети на прво место, напомена премиерот.

Министерот Сугарески дополни дека градежните работи на канализациската мрежа во Визбегово ќе завршат многу пред предвидениот рок.

-Секој ден сум на терен и можам да видам дека сé што зборувавме со граѓаните и стопанствениците се исполнува. Она што го разговаравме околу комуналната инфраструктура пред 2,5 години, сега се реализира. И тогаш имаше скептици, како и сега што некој се обидува со разни флоскули да фрла тези. Истите луѓе што капиталните инвестиции ги сведуваа на градење споменици, лавови и жални врби, сега зборуваат за инфраструктура. Се работи и тоа е повеќе од видливо, а ние буквално одржавме лекција како се гради инфраструктура со 86 отсто реализација на Министерството лани. Ако во мај имавме 18 проценти реализација на капиталните инвестиции, сега во јуни ќе имаме 25 отсто. Од утре, вториот квартал на Министерството ќе биде 25 проценти. Продолжуваме со оваа силна динамика. И покрај коронакризата, оние проекти што се планирани по изборите ќе почнат со тендерирање, а дел се во завршна фаза. До ноември-декември ќе трае екот на градежната сезона, целта е да реализираме што повеќе проекти, нагласи Сугарески.

Рече и дека околу 690.000 евра се планирани за локални патишта и улици во Бутел, како и дека за неполна година целосно ќе се смени сликата на Општината.

Градоначалникот Смилевски потсети дека покрај бројните проекти, во Бутел е предвидена изградба и на поликлиника. Тој очекува за време на неговиот мандат да завршат сите инфраструктурни проекти, а жителите потоа да зборуваат повеќе за екологија и урбано уредување.

-Сè што зборувавме е реалност. Водоводната мрежа во индустриската зона е завршена, се работи на канализацијата. Изработен е проект за Качанички пат, а проектот за Јужниот булевар ќе го прават Град Скопје и државата. Бутел ќе има и поликлиника. Има нови локации за полициска и противпожарна станица. Работиме на уште многу проекти, на патот од село Бутел до село Љуботен, од село Бутел до село Раштак. Изградивме повеќе од 25 улици, бројката е задоволителна, но продолжуваме да работиме. Со завршување на мојот маднат се надевам дека нема да се зборува за нови улици, канализации и водовод, туку за игралишта, зелени површини, истакна Смилевски. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!