Утрински Весник
Спорт

Сари: Пјаниќ ќе биде среќен во Барселона

Пјаниќ: Никогаш не сум сакал да го напуштам Јувентус

Торино, 30 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари го коментираше трансферот на играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ во Барселона.

– Пјаниќ ќе биде задоволен во Барселона, ќе има голема шанса да ја заврши кариерата во одличен клуб. Тој ќе биде среќен, сто проценти сум сигурен. Јас воопшто не се грижам за него, затоа што сум сигурен дека тој нема да ја пропушти својата шанса., изјави Сари.

Триесетгодишниот Пјаниќ игра во Јувентус од 2016 година. Оваа сезона играчот од средниот ред мина 36 натпревари, постигна три гола и направи четири асистенции. Босанецот ќе стане фудбалер на Барселона од сезоната 2020/21 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката