Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: На граѓаните им е преку глава од национализам, сакаат конкретни решенија за реалните проблеми

Лукаревска на Отворено 24: Приоритет за СДСМ е здравјето на граѓаните

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Во брзата трансформација што следува, нудиме рамномерен развој и еднакви можности, услови и шанси за секој граѓанин, изјави Сања Лукаревска, носителка на листата на коалицијата предводена од СДСМ во ИЕ 2, при посетата во Општина Арачиново.

– Ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, во подобри услови за граѓаните. Ќе ги покачиме пензиите, најниските дури најмалку за 21 отсто до крајот на мандатот. Секој родител сака децата да растат и да живеат покрај него. Се обврзуваме дека ќе продолжиме да создаваме услови и амбиент во кој младите луѓе ќе се охрабрат да отворат свој бизнис кој ќе го градат и развиваат, порача Лукаревска.

Таа истакна дека коалицијата „Можеме“ нуди нов развој на домашната економија, го поттикнува домашното производство и купувањето на домашни производи.

– Ние сите заедно градиме иднина и се грижиме за секој граѓанин, за секое едно населено место, рече Лукаревска.

Таа истакна дека арачиновци ја препознаваат разликата, зошто знаат дека во Арачиново со години беше заборавено и во 21 век имаа проблем со канализација.

– Денес во тек е изградбата на канализациски систем долг над 10 километри и инвестираме 106 милиони денари. Инвестициите во градинки, патишта и болници ќе продолжат и во следниот мандат, порача носителката на листата на кослиаицјата на СДСМ во ИЕ 2 Лукаревска, потенцирајќи дека во програмата „Можеме“ се решенијата за напредок на државата. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши: Останувам во коалицијата „ВРЕДИ“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата

Воз удри во автомобил кај Зелениково, има и повредени