Утрински Весник
Македонија

Дванаесет пациенти со Ковид-19 на кислородна поддршка во Клиничката болница во Тетово

Дванаесет пациенти со Ковид-19 на кислородна поддршка во Клиничката болница во Тетово

Тетово, 29 јуни 2020 (МИА) – Од новите 19 случаи со Ковид-19 во тетовскиот регион, 13 се од општина Тетово, двајца се од општината Боговиње и по еден од општините Желино, Јегуновце, Теарце и Брвеница, информираа денеска од тетовскиот Центар за јавно здравје.

Состанок денеска одржа Кризниот штаб при општина Тетово од каде инфомираат дека во Тетовската клиничка болница има 12 пациенти кои се на кислородна поддршка.

Клиничката болница од Тетово не информира дека оваа институција ги поседува сите инфраструктурни и човечки капацитети за успешно справување со состојбата и зголемениот број пациенти со Ковид-19, соопштија денеска од опшината Тетово.

Според евиденцијата на штабот, вкупниот број дијагностицирани со Ковид-19 во тетовскиот регион е 680. Од нив досега се излекувале 244 лица, а 46 починале, а бројот на активни случаи во Тетово и пет околни општини е 390. ас/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници 

Ноќеска „Дрисла“ гореше, Ангелов тврди дека магла е!

Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави на хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ