Утрински Весник
Македонија

Расчистување на вегетацијата покрај локалната и регионалната патна инфраструктура во Општина Градско

Расчистување на вегетацијата покрај локалната и регионалната патна инфраструктура во Општина Градско

Велес, 29 јуни 2020 (МИА)Јавното комунално претпријатие „Клепа” oд Градско деновиве изведува акција за косење и кастрење  гранки, односно расчистување од вегетацијата на локалната и регионална патна инфрстаруктира.

Од ЈКП „Тополка“ информираат дека работите ги изведува со ново современо возило за чистење на вегетација набавено од Општина Градско минатата година.

Градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски истакна дека чистата инфраструктура е еден од приоритетите на Општината.

– Преку  расчистување на вегетацијата и гранки покрај сите локални и регионални патишта во општината, ние се грижиме за безбедното одвивање на сообраќајот, потенцира Бешовски.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес

Преку Државна Лотарија одел договорот со Авалон за прославата на независноста

Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово: „Безбеден град” дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година