Утрински Весник
Економија

Сугарески: Очекувам и годинава да ја завршиме со 86-процентна реализација на капиталните инвестиции

Сугарески: Очекувам и годинава да ја завршиме со 86-процентна реализација на капиталните инвестиции

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски во вториот квартал ќе биде околу 25 отсто. Сите проекти што ги реализира Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Македонија пат се во тек и нема застој и покрај здравствената криза. Очекувам годинава да ја завршиме со реализација од околу 86 проценти како што беше и лани, порача денеска ресорниот министер Горан Сугарески.

-Во петокот три милиони евра се префрлени на ПУИГ за социјалните станови и со тоа 100 проценти ја реализираме програмата која до вчера практично беше нула. Редовно вршам увид во градежните  активности скоро на сите проекти низ државата и можам да кажам дека тие се реализираат и покрја здравствената криза. Веќе е реализиран огромен дел на водоводи и канализации, скоро во целост се реализираат патиштата, добро тече изградбата на социјалните станови, а гасификацијата има одлична динамика. Се трудиме колку што можеме и во делот на железниците и покрај проблемите што излегуваат, рече Сугарески во одговор на прашање при денешната посета на Скопскиот меѓународен аеродром заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

Нагласи дека во Министерството за транспорт и врски првиот квартал е секогаш најслаб и додаде дека очекува до крајот на годинава реализацијата на капиталните инвестиции да биде слична како лани кога беше 86 проценти.

-Не можам да се согласам дека е слаба реализацијата на капиталните инвестиции, посебно не во делот на инфраструктурата каде има одлични резултати. Можеби имало 18 проценти во мај, но сега има 25 проценти, посочи Сугарески. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година