Утрински Весник
Спорт

Родригез: Јас сум во Реал Мадрид заради сплет на околности

Реал три седмици без Хамес Родригез

Мадрид, 29 јуни 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред а Реал, Хамес Родригез изјави дека пред почетокот на сезоната сакал да го напушти тимот.

– Нема да го именувам клубот, но имав можност да одам во одличен тим. Знаев дека нема да играм тука постојано. Не ми беше дозволено да заминам од различни причини. Јас сум тука заради околности, а не затоа што сакав. Не знаев дека ќе добијам толку голема минутажа. Се надевам дека во иднина ќе можам да играм уште повеќе. Знам дека имам талент и неопходно ниво. Со напорна работа е можно, истакна Родригез.

Оваа сезона Колумбиецот има постигнато гол и асистенција на 14 натпревари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација