Утрински Весник
Спорт

Чави: Подготвен сум да ја водам Барселона

Чави: Системот во Катар функционира подобро отколку во Шпанија

Барселона, 29 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Чави, кој е тренер на катарскиот Ал-Сад, изјави дека е подготвен да го предводи каталонскиот тим.

Претходно беше објавено дека тој добил понуда по отказот на Ернесто Валверде, но тој не сакаше да го напушти својот клуб кон средината на сезоната.

– Мојот најголем сон е да станам тренер на Барселона. Сакам да се вратам во клубот за да успеам. Јас би сакал да ги имам сите услови да започнам од нула. Мојот тренерски персонал и јас се подготвуваме за тоа. Јас би сакал да можам да донесувам фудбалски одлуки во Барселона.

Опцијата за враќање во клубот по претседателските избори би била идеална. Во јануари, Барселона ми се обрати, но тогаш ниту околностите ниту времето не ми одговараа. Се надевам дека повторно ќе ме повикаат, нагласува Чави. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига