Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Форумот на млади на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на денешната прес-конференија истакнаа дека во нивната изборна програма е вклучено дека казината ќе бидат дозволени само во склоп на хотели со пет ѕвезди.
– Како што вклучивме во програмата, ветуваме дека со нас во владеење, казината ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди, бидејќи таквите хотели како прво гарантираат дека игрите на среќа нема да бидат блиску населените места и второ, тие нема да бидат достапни за сите и ова ќе го запре овој девијантен феномен. Доста е веќе играјќи си со судбината на луѓето. Затоа, сега е време за промена, посочија тие.
Тие упатија обвинувања, како што наведоа, до албанската парија на власт дека 18 години лажат дека ќе ги отстранат казината еден километар далеку од населените места, но, како што велат, напротив тие ја наполниле нашата земја со казина од сите страни.
– Деновиве слушаме лаги на албанската партија која е на власт 18 години, наводно тие ќе ги отстранат казината на еден километар оддалеченост од албанските населби. Сепак, да не заборавиме дека таа е истата албанска партија ја наполни нашата земја со казина од сите страни. Денеска, еден граѓанин на Северна Македонија троши во просек 200 евра годишно на коцкање, а оваа сума за жал продолжува да расте, беше истакнато на прес-конференцијата на младите од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.фф/