Утрински Весник
Македонија

На Јутјуб нова аудиоснимка од разговор меѓу Мицкоски и Кичеец

На Јутјуб нова аудиоснимка од разговор меѓу Мицкоски и Кичеец
Dik 300x250 mk

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – „Сашо никогаш не дојде во партија, скршен од мака“, му вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Зоран Милевски Кичеец, еден од осудените во случајот„Рекет“  во последната аудиоснимка што утрово е објавена на Јутуб каналот.

-Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за 2 јуни, тоа е од Сашо донација, додава Мицкоски.

Разговорот, најверојатно, се однесува на начинот на кој биле платени автобуси за протестот што го организираше опозицијата пред Владата на 2 јуни 2018 година.

На снимката, која трае дваесеттина секунди, се слуша и Кичеец која на Мицкоски му кажува дел од „некои муабети“ што ги слушнал. бк/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи