Утрински Весник
Македонија

Викендов 241 казни за неносење маски во тетовскиот регион

За месец и половина речиси 1000 луѓе санкционирани за неносење на заштита маска

Тетово, 29 јуни 2020 (МИА) – Од петокот во 7 часот утрото до понеделник во 7 часот полициски службеници изрекле 241 казна на луѓе кои не носеле заштитни маски на лицето согласно владината уредба за лична заштита во насока на спречување на ширење на коронавирусот.

-Од петокот до саботата во 7 часот евидентирани се 78 прекршоци, до недела 91 и до утринава во 7 часот 72 лица кои не носеле маски. Секторот за внатрешни работи Тетово и понатаму апелира до граѓаните од тетовското подрачје целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест. Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка и друго, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба, изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2.000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице. ас/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

Поднесени две обвиненија за назначување директори на училишта во струшко